Џемалудин Џафероски е новиот директор на ЈКП „Долнени“
Џемалудин Џафероски, е именуван за нов директор на Јавното комунално претпријатие „Долнени“.
По преземањето на функцијата, Џафероски јавно соопшти дека ќе работи по принципи на штедење и одговорност, при што истакна дека нема да користи службено возило, нема да користи средства за репрезентации, како и дека службениот телефон нема да го употребува за лични потреби.
Од локалната заедница се очекува транспарентно и домаќинско работење, а надежите се насочени кон подобрување на функционирањето на јавното претпријатие.



