Субвенцијата ќе се зголеми од 80 на 100 денари за килограм тутун

Од денес, откупната цена на тутунот за прва класа е зголемена од 375 на 400 денари, што заедно со субвенциите ќе обезбеди вкупен приход од 500 денари по килограм за тутунарите. Исто така, владата ја зголеми субвенцијата од 80 на 100 денари по килограм.

Особено значајна е оваа мерка за тутунарите во Пелагонискиот регион, кој е главниот центар за производство на тутун во државата. Се очекува зголемените цени и субвенции директно да придонесат за подобрување на економската состојба на домаќинствата во регионот

Министерот за земјоделство Цветан Трипуновски изјави дека со оваа мерка тутунарите ја добиваат целосната сума што ја бараа, додека пресметките покажуваат дека годинава над 140 милиони евра ќе завршат кај земјоделците.

„Од денес откупувачите на тутун ја дополнија откупната цена од 375 на 400 денари за откупен тутун прва класа, со што тутунарите ќе ја добијат вкупната сума кои ја бараа. Дополнително Владата ќе ја зголеми и субвенцијата од 80 на 100 денари за килограм, што значи дека заедно со откупната цена и субвенциите секој тутунар ќе добие по 500 денари за килограм тутун.“ Објави Министерот за земјоделство Цветан Трипуновски.

Пресметките говорат дека само оваа година над 140 милиони евра ќе завршат во рацете на тутунарите. Со овие зголемувања, Владата очекува значително да се подобри состојбата на тутунарите, кои претставуваат важен дел од македонската економија.

Слични Објави