|

Справување со влијанијата од климатските промени во Демир Хисар

Во рамки на проектот „Подобрување на квалитетот на живеење во подрачјата со специјални развојни потреби во Пелагонискиот плански регион преку јакнење на свеста кај населението за заштита на животната средина и отпорноста кон климатските промени“, започнувајќи од 21.05.2024 ќе се одржат шест работилници за производителите на храна од руралните подрачја на Општина Демир Хисар, а добредојдени се и сите останати од Пелагонискиот плански Регион.

Работилниците опфаќаат голем број на теми кои ги засегаат земјоделците и компаниите кои произведуваат разни типови на прехрамбени производи.

Климатските промени, мерки за справување, одржливо земјоделство, енергетска ефикасност, зелени бизниси, циркуларна економија, разработка на бизнис модели, инвестиции, грантови шеми, кредитирања.

Комплексноста на обуките ги дава сите одговори на сите прашања на производителите и ќе помогне во подигање на квалитетот, технолошкиот развој и препознавање на иновации во секторот, со комплетно разработување и елаборирање како да се реализраат потребите и визијата кон највисоките стандарди и минимизирање на загубите и штетите, менаџирањето со ризиците и креирање на капацитет за искористување на програмите и моќностите кои се на располагање за овие производители.

Проектот е во имлентација на Еколошкото друштво БИГЛА Демир Хисар и поддржан од Министерството за локална економија- Биро за регионален развој.

Слични Објави