|

ПЕЛАГОНИСКА ОТВОРЕНОСТ: Битола лидер, Демир Хисар трет, Прилеп на шесто место во Македонија.

Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ во партнерство со Рурална коалиција, а со поддршка од Владата на Швајцарија преку програмата Цивика мобилитас, подготви процена на состојбата на доброто владеење на единиците на локалната самоуправа (ЕЛС) во Република Северна Македонија за 2024 година.

Во 2024 година, наодите од Индексот на отвореност покажаа дека најотворенa единица на локалната самоуправа е Битола, со 67%. Останати општини од Пелагонискиот регион кои се рангирани во првите 10 се, Општина Демир Хисар со 64% и Општина Прилеп со 58%.

На првата панел дискусија „Индекс на отвореност на локалната самоуправа: Отворени и транспарентни општини за сите!“ беа претставени резултатите од Индексот на отвореност на локалната самоуправа за 2024 година заедно со патоказ со препораки за унапредување на отвореноста кон граѓаните.

Слични Објави