|

Под надзор на НУ „Завод и музеј“ Прилеп, се чисти Чарши Џамија

Општина Прилеп започна со активности за расчистување и уредување на просторот околу Чарши џамија, која се наоѓа во централното градско подрачје и претставува заштитено културно добро.

Активностите се реализираат во координација со јавните комунални претпријатија и под надзор на НУ Завод и музеј Прилеп, со цел просторот да биде исчистен, уреден и обезбеден, при што ќе се води сметка за заштитата на културно-историското наследство.

Чарши џамија е значаен дел од историската структура на старата прилепска чаршија, изградена во 1475 година и се смета дека е прва или втора џамија во Европа, со два балкони на минарето. Таа сведочи за повеќеслојната културна историја на градот. Уредувањето на овој простор треба да придонесе за подобар изглед на центарот и за зачувување на културното наследство.

Минатата Сабота објавивме видео, колку тој простор е запуште и мораме да кажеме дека оваа акција беше и тоа како потребна. Се надеваме дека овој простор редовно ќе се одржува чист. И надлежните да си ја вршат работата, но и граѓаните да да покажат повисока свест.

Слични Објави