|

Јавен повик за искористување на средства од програмата за социјална заштита на Општина Битола во делот на адаптација на пристапност, мобилност и функционалност на лица со попреченост

ОПШТИНА БИТОЛА
Градоначалник

Согласно Програмата за социјална заштита за 2025 година донесена од Советот на Општина Битола („Службен гласник на Општина Битола“ бр. 10/24 од 26.12.2024“) и Правилникот за искористување на средства од Програмата за социјална заштита во делот на инфраструктура за лица со попреченост во домот на лицата донесен на 28.01.2025 со бр. 09-04/45, Општина Битола објавува:

ЈАВЕН ПОВИК

За искористување на средства од програма за социјална заштита на општина Битола во делот на адаптација на пристапност, мобилност и функционалност на лица со попреченост до и во нивниот дом, односно адаптација, изградба или поставување на инфраструктура и опрема при адаптација на пристапност, мобилност и функционалност на лицата со попреченост до и во нивниот дом, преку субвенционирање на трошоците, во целост или делумно, за овозможување непречено движење и функционирање на индивидуата.

Искористувањето на средствата е согласно Правилникот за искористување на средствата од програма за социјална заштита на Општина Битола за 2025 година во делот на инфраструктура за лица со попреченост во домот на лицата кој може да се најде на веб страната на Општина Битола www.bitola.gov.mk.

Потребната документација и условите за пријавување може да се видат согласно правилникот или да се подигнат од Општина Битола Бул. „1-ви Мај“ бр. 61 на шалтер број 1.

Контакт лице: м-р Симо Станковски, тел: 071385682, e-mail: simostanks132@gmail.com.

Периодот на пријавување е отворен во текот на цела година до целосно искористување на средствата.

Слични Објави