Општина Демир Хисар објавува конкурс за директор
Општина Демир Хисар објавува конкурс за избор на директор на Јавното претпријатие ДЕХИ ТРАНС Демир Хисар. Во прилог потребните информации и документи.

Покрај општите условите, лицето треба да ги исполнува и условите утврдени со Законот за јавните претпријатија:
Да е државјанин на Република Северна Македонија,да има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование,во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност,има минимум пет години работно искуство,поседува еден од следните меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години.
Со пријавата, кандидатите треба да приложат: Уверение за државјанство;оригинал или заверен препис на диплома за завршена стручна подготовка,доказ за минимум пет години работно искуство,кратка биографија-CV,сертификат или уверение за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години,лекарско уверение за општа здравствена способност од здравствена организација од примарната заштита која врши дејност медицина на трудот,потврда од надлежен орган дека не му е изречена мерка забрана за вршење професија, дејност или должност.
Јавниот конкурс ќе трае 5 (пет) дена од денот на објавувањето. Секој заинтересиран кандидат потребно е да достави пријава и документи во оригинал или заверени на нотар, како доказ за исполнување на горенаведените услови. Пријавата може да се подигне од Општина Демир Хисар (Одделение за управување со човечки ресурси) или од веб страницата на Општина Демир Хисар (https://demirhisar.gov.mk/kategorija/oglasi/). Пријавите што нема да бидат поднесени во утврдениот рок и пријавите што не ги содржат бараните документи ќе се сметаат како неблаговремени односно некомплетни и истите нема да се разгледуваат. Пријавата со потребната документација се доставува до aрхивата на Општина Демир Хисар или преку пошта на адреса ул.„Битолска“ бр.8 со назнака: “За Јавен Конкурс за избор на директор на Јавното претпријатие ДЕХИ ТРАНС Демир Хисар“.
Со избраното лице ќе биде склучен договор со кој ќе бидат регулирани правата, одговорностите и овластувања согласно со закон. Директорот на ЈП ДЕХИ ТРАНС Демир Хисар се избира со мандат од (четири) години.