|

Демир Хисар го одбележа месец на книгата со донации и награди

По повод Месецот на книгата, градоначалникот на Општина Демир Хисар, Никола Најдовски, го посети ООУ „Гоце Делчев“ во Демир Хисар, каде што им ги предаде донираните книги од издавачката куќа „Матица Македонска“ од Скопје.

Бесплатна книга добија сите ученици од основните и средното училиште во општината. Оваа акција, која е веќе традиционална за Демир Хисар, се реализира во соработка со македонскиот писател Раде Силјан и Домот на културата „Илинден“ со цел да се поттикне љубовта кон книгата и да се доближи пишаниот збор до младите генерации.

Во рамките на одбележувањето на Месецот на книгата, Градоначалникот Најдовски му ја врачи наградата „Грб на Општина Демир Хисар“ на познатиот македонски писател Божин Павловски. Наградата му беше доделена за неговиот голем придонес во афирмирањето на Демир Хисар низ светот преку пишаниот збор и за тоа што во своите книги постојано ги потенцира природните убавини и историските значења на овој крај.

Слични Објави