| |

Јапонска донација од 4,9 милиони денари за битолско основно училиште

Советот на Битола одржа вонредна седница – Јапонска донација за реконструкција на училишен покрив

Советот на Општина Битола на 13.06.2025 година одржа вонредна седница на барање на градоначалникот Тони Коњановски, со единствена точка на дневниот ред – проширување на општинскиот буџет со донација од Амбасадата на Јапонија.

Со одлуката, буџетот на општината се зголемува за 4.930.195 денари, средства кои ќе бидат наменети за капитални расходи во основното образование, поточно за реконструкција на кровот на ОУ „Св. Климент Охридски“.

Иако присуствуваа само 20 од вкупно 31 советник, седницата беше полноважна и се одвиваше без дискусии или прашања. Советниците едногласно го усвоија предлогот и го оправдаа свикувањето на вонредната седница.

Не беше пријавен ниту еден конфликт на интереси, што е стандардна процедура пред секоја седница. За дневниот ред и самата точка одлуката беше донесена едногласно.

Слични Објави