Живот и работа во Словенија, Информативен настан – 17 јуни во Прилеп
Во организација на Заводот за вработување на Република Словенија, оваа недела во три македонски градови – Куманово, Прилеп и Охрид – ќе се одржат информативни настани за сите заинтересирани за работа и живот во Словенија.
Настанот во Прилеп, кој ќе се одржи во вторник, 17 јуни, од 10 до 17 часот, во хотелот „Кристал Палас“.
Целта на овие настани е да се овозможи директен контакт меѓу словенечките работодавачи и македонските граѓани, да се презентираат актуелните потреби на пазарот на труд во Словенија, како и да се дадат веродостојни информации за условите за работа, правата на работниците и постапките за вработување.
На настаните ќе учествуваат работодавачи од сектори како: производство, градежништво, транспорт и логистика, туризам и угостителство, здравство и социјална грижа, како и консултанти од Заводот за вработување на Словенија, кои ќе нудат индивидуално советување.
Термини и локации:
- Куманово – 16 јуни (понеделник), ресторан Палас Гарден
- Прилеп – 17 јуни (вторник), хотел Кристал Палас
- Охрид – 19 јуни (четврток), хотел Метропол
На секоја локација ќе се одржат две групни презентации, со почеток во 12:00 и 15:00 часот, по што следува индивидуално советување за сите заинтересирани посетители.
Присуството на настаните е бесплатно, а претходна резервација не е потребна.
повеќе на https://zivotirabotavoslovenija.mk/