| |

Битолчани ќе уживаат во атрактивната рекреативна патека „Тумбе кафе – Смолево“ (видео)

Изградбата на најатрактивната рекреативна патека за битолчани, патеката „Тумбе кафе – Смолево“, влегува во завршна фаза.

По иницијатива и на барање на голем број граѓани, се реализира – Проектот за Изградбата на најатрактивната рекреативна патека за битолчани, патеката „Тумбе кафе – Смолево“. Активностите ги спроведуваат Општина Битола и Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион.

Вредноста на склучениот договор изнесува 11.596.320 денари.

„Активностите на терен се реализираат со задоволителна динамика, така што оваа летна сезона, Битола ќе добие уште еден прекрасно уреден простор за одмор и рекреација.“ изјавија од општина Битола

Видеото од тековните активности е достапно на следниот линк

https://www.facebook.com/watch/?mibextid=oFDknk&v=1339854520711652&rdid=dVKSjatBaEHGCEQP

Слични Објави