Листа на добитници на надомест за набавена и монтирана нова ПВЦ дограма – Општина Битола 2025
Општина Битола ја објави листата на лицата кои добиле надомест за дограма, по објавениот јавен повик за надоместување на дел од трошоците за набавена и монтирана нова ПВЦ или алуминиумска дограма за домаќинствата на подрачјето на Општина Битола за 2025 година

Со цел да се обезбедат сите потребни информации, списокот на добитниците е достапен за јавноста и може да се виде и на веб-страницата на општината.
Како што е предвидено во јавниот повик, апликантите кои не се задоволни со одлуката имаат право да поднесат приговор. Приговорите треба да се поднесат во хартиена форма на приемните шалтери во Општина Битола со назнака „Приговор по јавен повик за надоместување на дел од трошоците за набавена и монтирана нова ПВЦ или алуминиумска дограма“. Рокот за поднесување приговори е три дена по објавувањето на прелиминарната листа.
- Согласно јавниот повик, незадоволните апликанти имаат право да поднесат приговор (во хартиена форма до приемните шалтери во Општина Битола со назнака „Приговор по јавен повик за надоместување на дел од трошоците за набавена и монтирана нова ПВЦ или алуминиумска дограма“) во рок од 3 дена по објавувањето на прелиминарната листа до Комисија за разгледување на приговори формирана од Градоначалникот составена од членови кои претходно не учествувале во резгледувањето на документацијата по наведениот јавен повик.
Пристигнатите приговори се разгледуваат во рок од 3 дена по завршување на рокот за поднесување на приговори.