Од 9:10 часот блокиран патот Прилеп–Крушево во двата правца
Од утринава, точно во 9:10 часот, патот Прилеп–Крушево е целосно блокиран во двата правца поради изведување градежни работи поврзани со рушење на мост. Жителите од околните места изразија незадоволство и револт, укажувајќи дека не биле навремено информирани за интервенцијата, што доведе до сериозни проблеми во секојдневното движење и транспорт.
Тие бараат од надлежните институции подобра комуникација и планирање на ваквите зафати, како и алтернативни патишта додека траат работите.