|

ЈАВЕН ПОВИК – „80 ГОДИНИ ОД ОСЛОБОДУВАЊЕТО НА БИТОЛА“

ОПШТИНА БИТОЛА ОБЈАВУВА ЈАВЕН ПОВИК ЗА УЧЕСТВО ВО ПРОГРАМАТА ЗА ПРАЗНУВАЊЕ НА 4 НОЕМВРИ, ДЕНОТ НА ОСЛОБОДУВАЊЕТО НА ГРАДОТ „80 ГОДИНИ ОД ОСЛОБОДУВАЊЕТО НА БИТОЛА“

Општина Битола традиционално секоја година го одбележува Денот на ослободувањето на градот „4-ти Ноември“ со програма од неколку денови која вклучува културно уметнички и спортски активности кои се одвиваат на повеќе локации низ Битола.

Предмет на јавниот повик e кофинансирање на манифестации и проекти по повод Ден на ослободувањето на градот Битола, со кои се збогатува содржинската понуда по повод „80 години од ослободувањето на Битола“.

  • музичка и музичко – сценска уметност
  • театар
  • ликовна уметност
  • видео, фото, филмска уметност
  • литература
  • фолклор
  • традиционални настани
  • спортски настани

Вкупниот износ на средства кои се предвидени со овој повик е бруто износ од 906.000 денари.

Активностите треба да бидат реализирани во период од 28.10. – 10.11.2024.

Повеќе информации за јавниот повик се достапни на следниот линк

https://www.bitola.gov.mk/javen-povik-4-noemvri/.

Слични Објави