|

Мултимедијален триптих „Генеза на хроничната мистерија“ – Вторник (23.07.2024) во НУЦК „Марко Цепенков“

Вторник (23.07.2024) од 20:00 часот на сцена 105 во НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп, настан „Генеза на хроничната мистерија“ – од авторот Емил Солески

-мултимедијален триптих
-алегорија за губењето на идентитетот
Во време кога надминуваме одредени предрасуди и се бориме со стереотипи, разгорува распаднатото огниште, се занишува празната лулка, а паланзата, и без тег ќе измери нешто, потамина ако треба.
Ликовно-просторниот експеримент е фантастична дијагонала на „архаичниот“ и дигиталниот идентитет.
Концептот предвидува просторна видео интервенција и тарнсформација, барање нова визија на веќе виден простор.
Триптихот ќе се формира со проекција на видео-аудио материјал врз просторно поставени архајски форми:
Три архаични форми, ликовни метафори:
Распаднато огниште – ликовна метафора за празен дом, градови, села, земја;
Кантар, паланза без тег – ликовна метафора за строгото критичко оценување на немањето рамнотежа во природните, општествените, социјалните односи, принципи, тежнеења, закони;
Празна лулашка – ликовна метафора за негрижата и изгубеното наследство, природно, национално, културно-историско;
Да се гледа низ призмата на објективното, или да се направи ново, субјективно доживување.

Настанот е во организација на Nuck Markocepenkov.

Слични Објави