|

Деветти меѓународен Ролерски куп „Тоше Проески“ – Крушево 2025

На 23 и 24 август 2025 година, во организација на Скијачката федерација на Македонија, по деветти пат ќе се одржи меѓународниот Ролерски купот „Тоше Проески“. Церемонијалното отворање е предвидено за петок (22 август) пред спомен-куќата на Тоше Проески. Настанот традиционално ќе помине во знакот на спортски трки, меѓународно дружење на натпреварувачите и промоција на спортските вредности, а свеченото доделување на наградите и официјалното затворање се закажани за недела (24 август) на Градскиот плоштад во Крушево.

Натпреварите ќе се одржат на регионалниот пат Кривогаштани – Крушево, во повеќе дисциплини и должини:

Мажи и жени: 7.5км и 10км

Деца: 1км, 2км, 3км и 5км

Со очекувано учество на околу 50 натпреварувачи од Македонија, Србија, Грција, Португалија, Швајцарија, Унгарија и Ирска, ова издание ветува динамична конкуренција и многу возбудливи моменти.

FIS Rollerski Cup „Тоше Проески“ не само што ќе понуди врвни спортски достигнувања, туку и ќе ја афирмира убавината на Крушево како дестинација за активен туризам и спортови под отворено небо.

Поддржувачи се Министерство за спорт, УНИБанка, Меѓународна скијачка федерација (FIS) и Општина Крушево, а технички организатор е клубот Ски Нордиски.

Слични Објави