|

Граѓаните ќе можат да пријават штета од непогодата до 11 јули

СООПШТЕНИЕ ОД ОПШТИНА ПРИЛЕП – ВО ВРСКА СО ДОСТАВУВАЊЕ НА БАРАЊА ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ШТЕТА ОД НАСТАНАТА НЕПОГОДА



Се информираат сите жители од населеното место Кадино село во Општина Прилеп, дека Советот на Општина Прилеп на 63-та  седница на Совет ќе формира стручна комисија за проценка на штетите од природната непогода врз земјоделските култури. Комисијата по доставените барања ќе излезе на терен за да ја утврди висината на штетата, ќе изготви Извештај и Елаборат за вкупните и поединечните штети, кои Извештаи со одлука на Советот на Општина Прилеп се доставуваат до комисија која што ја формира Владата за понатамошна постапка.

Спштина Прилеп, ги информираме жителите од населеното место Кадино село во Општина Прилеп, дека од денес 08.07.2025 година до 11.07.2025 година, секој работен ден од 8:30 до 15:30 часот, во приемното одделение на Општина Прилеп на ул.,,Прилепски бранители’’ бр.1. можат да ја достават следната потребна документација за утврдување на настанатата штета:

  1. Барање (се подига од приемното одделение или се презема од веб страната на Општина Прилеп https://www.prilep.gov.mk/

2. Соодветен документ со кој се докажува владение или сопственост (имотен лист, договор за закуп, изјава од двајца сведоци заверена на нотар дека ја работи нивата и сл.)

  1. Копија од лична карта
  2. Копија од трансакциона сметка
  3. Контакт телефон

КРАЈНИОТ РОК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА БАРАЊА ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ШТЕТА ОД НАСТАНАТАТА НЕПОГОДА Е ПЕТОК, 11.07.2025 година.

Сите информации и документи на страна од општинта

Слични Објави