Општините Новаци, Прилеп, Охрид, Кичево и Пласница ЌЕ РАБОТАТ НА ПРОЕКТ ЗА ОДРЖЛИВО УПРАВУВАЊЕ СО ОТПАДОТ НА ЛОКАЛНО НИВО

По повод одбележувањето на 5 Јуни Светскиoт ден на животната средина, денеска во хотелот Double Tree Hilton, се одржа воведната Конференција на проектот „Одржливо управување со отпадот на локално ниво”.

На конференцијата градоначалниците на Општина Новаци, Прилеп, Охрид, Кичево и Пласница потпиша меморандум за соработка со САЛАР Интернационал и партнерите на проектот – Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за локална самоуправа и ЗЕЛС. Со потпишување на меморандумите започна и официјалниот дел на имплементацијата на проектот на локално ниво, кој веќе има изработена студија за состојбата со отпадот во овој дел од земјата.

Користејќи ја огромната база на знаење, проектот ќе биде доверлив партнер на општините и ќе ги поддржи со:

• Развивање на Локални акциски планови за управување со отпад (ЛАП) и спроведување на активности од Оперативниот регионален план за управување со отпад (ОРПУМ)

• Развој на различни анализи, студии и други документи наменети за поддршка на практичното спроведување на активностите за управување со отпад

• Подобрена мобилизација на ресурси за иницијативи и проекти поврзани со отпадот

• Подобрени пристапност, меѓуопштинска координација, дијалог за политиките и подигање на свеста• Национални, регионални или меѓународни студиски посети и размена на идеи за одржливи практики за управување со отпад

Проектот „Одржливо управување со отпадот на локално ниво” е финансиран од СИДА (Шведската агенција за меѓународна развојна соработка), а имплементиран од Шведската асоцијација на локални власти и региони (САЛАР) и нејзината подружница САЛАР Интернационал.

Слични Објави