Локализиран пожар во кругот на битолската болница
Брза и ефикасна интервенција на Територијалната противпожарна единица Битола синоќа спречи ширење на пожар кој избувна на тревна површина во кругот на Инфективното одделение при Клиничката болница „Д-р Трифун Пановски“.
Благодарение на навремената реакција на пожарникарите и поддршката од болничкото обезбедување, пожарот беше брзо локализиран и изгаснат, без да предизвика материјална штета или да зафати други објекти.
Од болницата информираат дека ситуацијата е целосно под контрола и упатуваат благодарност до сите вклучени служби за нивната навремена и професионална реакција.



