Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп – 80 години настава на македонски јазик
Гимназијата „Мирче Ацев“ Прилеп, одбелува значаен јубилеј – 80 години од започнувањето на наставата на македонски јазик, формирањето на наставничкиот совет и одржувањето на првиот училишен час. На 1 февруари 1935 година, учениците првпат влегле во оваа значајна образовна институција.
Токму оваа гимназија денес е една од најпочитуваните и најреномираните средни образовни институции во Македонија. Името на училиштето го носи народниот херој Мирче Ацев, а од овде произлегле многу македонски интелектуалци и дејци, како Круме Кепески, автор на првата граматика за македонски јазик, Блаже Конески, кодификатор на македонскиот јазик.
Во овие 80 години, Гимназијата „Мирче Ацев“ има образувано повеќе од 14.000 ученици и вработено над 300 наставници. Оваа образовна институција е столб на македонското образование, а нејзините ученици и професори оставиле траен печат во сите области на општествениот живот.
„Одбележувањето на овој јубилеј е потврда на посветеност на образованието и традицијата што ја негува Гимназијата „Мирче Ацев“.
Гимназијата со работа започнала на 30 јануари 1945 год. кога се одржал првиот наставнички совет под раководство на првиот директор по ослободувањето, Стеван Шапчески – професор. Советот решил за име на Гимназијата да се предложат имињата Мирче Ацев и Пере Тошев, а од Народнослободителниот одбор прифатен бил предлогот Гимназијата да го носи името на нашиот сограѓанин Мирче Ацев- народен херој. На 1 февруари 1945 год. започнува да се изведува наставата во старата училишна зграда на сегашното основно училиште „Кочо Рацин“.
Ставан Шапчевски првиот директор на гимназијата „Мирче Ацев“ по ослободувањето.
Во првата учебна година Гимназијата започнала да работи како Полна гимназија (I-VIII) клас, а наставата се изведувала според наставен план и програма на мајчин – македонски јазик. Поради зголемениот број на запишани ученици во наредните учебни години се почуствувало недостиг на училиштен простор, така што во април 1947 година, започнала изградбата на нова гимназиска зграда во „Тризла Маало“ наспроти „Тутунски Комбинат“ и за две години, поточно во второто полугодие од учебната 1949/50 година Полната Гимназија „Мирче Ацев“ била преместена во новата зграда – каде што и денес се наоѓа, со 31 просторија за изведување на настава, фискултурна сала, спортски игралишта, канцелариски и други простории.
Прва генерација матуранти во Гимназијата Мирче Ацев.Зградата на Гимназијата „Мирче Ацев“ Прилеп. (фотографија од 2012 год.)
Во учебната 1953/54 година настанале нови организационо-структурални промени во гимназијата, така што останале само вишите класови, а нижите и прогимназиите се слеани во основните осумгодишни училишта. Името Виша Гимназија го носела до учебната 1957/58 година, за потоа да стане 4 класно училиште за општо образование – гимназија.
Во 1959 година било извршено измена на наставните планови и програма од страна на Советот за просвета на НРМ. Со тие промени Гимназијата на младинците од 15-19 години им давала сигурни, широко стручни и научни знаења од областа на јазикот и литературата, другите општествени науки, од техниката и културата и др., со цел да ги подготви учениците со предзнаења за да можат успешно да ја следат наставата на Универзитет. Со цел да се изврши благовремена професионална ориентација на младите луѓе-гимназијалци, била воведена нова организација во наставата, односно реформирана четврто-класна Гимназија (I, II, III и IV клас) поделена во две насоки: општествено-јазична и природно-математичка.
Гимназијата „Мирче Ацев“ во учебната 1983/84 година се трансформирала во Училишен центар за општествено-техничка и медицинска насока, со 920 ученици од гимназијата „Мирче Ацев“ сместеми во 29 парарелки и 58 вработени и Медицинско училиште со 350 ученици во 10 паралелки и 17 вработени. Тогаш уписот за прва година се вршел по изборна програма, според следните струки и занимања:
просветна струка – соработник во воспитно образовна дејност,
Воведувањето на новиот концепт на насочено образование и неговите промени во наредните години, веројатно не ги даде очекуваните резултати, така што во 1993 година Училишниот центар за општествено-техничка и медицинска насока „Мирче Ацев“, преминува во Гимназија „Мирче Ацев“ со паралелки за општа и природно-математичка гимназија, во согласност со промената на Законот за насочено образование.
Од учебната 2001/2002 год. во Гимназија „Мирче Ацев“ се применува новиот Наставен план за гимназиско образование што е донесен на ниво на Република Македонија.
Граѓански буџет е начин на прикажување на донесениот буџет и треба да ги има следните карактеристики: – лесен и разбирлив јазик и користење разни форми за визуелизација – воведен дел, со објаснување на клучните поими (приходи на општината: колку собира годишно, дотации, донации, даноци, капитални приходи, комунални такси; расходи: (расходи по надлежности, расходи по определени…
Од денес, откупната цена на тутунот за прва класа е зголемена од 375 на 400 денари, што заедно со субвенциите ќе обезбеди вкупен приход од 500 денари по килограм за тутунарите. Исто така, владата ја зголеми субвенцијата од 80 на 100 денари по килограм. Особено значајна е оваа мерка за тутунарите во Пелагонискиот регион, кој…
На Факултетот за комуникациски и информациски технологии при Универзитетот „Св. Климент Одридски“ во Битола, денес започна дводневниот настан Климатон Битола, на кој што младите, експертите, претприемачите и ентузијастите, ќе понудат решенија за актуелните климатски предизвици. Во своето обраќање пред присутните, секретарот на општина Битола Борче Димитровски ја посочи важноста од одржувањето на ваков настан во…
Во Недела, 27. Април, 16 часот, Фудбалските легенди на Македонија, ќе бидат пречекани на пријателски меч во Варна – Бугарија, од легендите на бугарскиот фудбал. Од една страна легендарните Пандев, Шаќири, Канатлароски, Христов и другарите, предводени од еден од најдобрите тренери кои Македонија ги имала, Ѓоко Хаџиевски, ќе истрчаат на теренот против Стоичков, Лечков, Божинов,…
Центарот за управување со кризи соопшти, дека денеска во 18:11 часот на единствениот број за итни случаи 112 е добиена пријава за тешко повреден германски државјанин, параглајдерист. Поради сериозноста на повредите од екипата на итната медицинска помош и градоначалникот на Крушево е побаран итен хеликоптерски транспорт. Тој има отворена скршеница на едната нога и веројатна…
Денеска времето ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Во попладневните часови се очекува локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На одделни места ќе има услови за невреме со појава на град. Максималната дневна температура ќе…