До 39 степени, попладне локални врнежи и грмежи
Денеска времето ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.
Во попладневните часови се очекува локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На одделни места ќе има услови за невреме со појава на град.
Максималната дневна температура ќе се движи од 34 до 39 степени.



