(ФОТО)Комфи Ангел го освети новиот производствен погон
На празникот Свети Јоаким и Света Ана, компанијата „Комфи Ангел“ го освети својот нов производствен погон.
По тој повод беше одржана црковна служба, при што свештени лица го благословија новиот објект и му посакаа успех на колективот во понатамошната работа.
Од компанијата упатија благодарност за службата и благословот, истакнувајќи ја важноста на вработените за нивниот успех.
„На денешен ден, на празникот Св. Јоаким и Св. Ана го осветивме новиот погон во Комфи Ангел.
Им благодариме на свештените лица за прекрасната служба и благословот кој што го дадоа од срце за успешна и продуктивна работа.
На сите наши вработени им посакуваме среќа, здравје и Дедо Боже да ги чува нивните семејства.
Успехот на нашите вработени е и успех на Комфи Ангел.“
Осветувањето на новиот погон претставува нов момент во развојот на прилепската компанија, која своето работење го темели на производството на текстилни производи за спиење и домашен текстил.
Од „Комфи Ангел“ преку објавата испратија порака дека во центарот на нивниот успех се вработените, со кои компанијата продолжува да ги развива своите производствени активности.






