GENERALKA WEEKEND 2025 – Новаци
Општина Новаци по втор пат се приклучи на големата национална акција GENERALKA WEEKEND 2025. Грижата за животната средина е наша заедничка одговорност. Со заеднички сили го исчистивме јавниот простор и уште еднаш покажавме дека заедно можеме многу! Во акцијата активно се вклучија учениците од ЦОУ „Славко Лумбарковски“ и сите подрачни училишта, дечињата и вработените во детската градинка „Бамби“, вработените од општинската администрација, тимот на ЈКП Комунална хигиена – Новаци, како и младите волонтери и пензионери од нашата општина.
Чистевме на разни локации: од мостот на реката Црна до центарот и низ Новаци, околу училиштето, спортската сала, игралиштето, фудбалскиот стадион, градинката, патот кон Далбеговци и околу сите подрачни училишта. За сите учесници беше обезбеден транспорт до локациите. Општина Новаци ќе продолжи да вложува во чиста, здрава и зелена средина и да ја поттикнува еколошката свест кај сите генерации!