|

Тешко повреден мопедист во сообраќајна несреќа во Прилеп

Во сообраќајна несреќа што се случила на 14 јануари 2026 година околу 10:55 часот, на крстосницата меѓу улиците „Тризла“, „Горан Миновски“ и „11 Октомври“ во Прилеп, тешко е повреден 60-годишен мопедист.



Како што информираат од ОВР Прилеп, во несреќата учествувале патничко возило „Фолксваген Пасат“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Б.С. (38) и мопед управуван од Ш.И. (60), двајцата од Прилеп.

Мопедистот се здобил со тешки телесни повреди, кои му биле констатирани во Градската болница во Прилеп.

На местото на настанот извршен е увид од страна на увидна екипа на ОВР Прилеп.

Слични Објави