|

ПРОЕКТ: “10 ЗА ДЕМИР ХИСАР”

Општина Демир Хисар ги поврикува граѓаните,

Заследете нѐ на Facebook и први дознавајте за новостите.


Локалниот економско-социјален совет на Општина Демир Хисар реализира проект “10 ЗА ДЕМИР ХИСАР”.

Проектот “10 ЗА ДЕМИР ХИСАР” е поврзан со предизборните активности кои ги реализираат политичките партии во пресрет на парламентарните избори за избор на нова Влада и вклучува утврдување на 10 приоритетни проекти кои ЛЕСС во соработка со граѓаните, граѓанските организации и здруженија, ќе ги издвои како најприоритетни за реализација на територијата на Општина Демир Хисар, проекти чија реализација ќе/или е во надлежност на централната власт и се директно поврзани со локалниот економско-социјален развој на општината.

Идејата е, во првата фаза ЛЕСС да ги анимира граѓаните, граѓанските организации и здруженија, да дадат свои предлози во оваа насока, а подоцна (во втора фаза), ЛЕСС да ги разгледа, дополни и да утврди 10 приоритетни проекти за економско-социјален развој на Демир Хисар, чие реализирање е надлежност на централната власт.

Во последната фаза, ЛЕСС ќе ги повика локалните претставници на политичките партии и кандидатите кои ќе бидат на пратеничките листи (како претставници на  Општина Демир Хисар) и ќе предложи потпишување на “Заедничка делкарација” со која сите страни ќе се обврзат во иднина (без разлика кој ќе биде во власта) да ги преземат сите потребни заложби, мерки и активности за реализација на 10-те приоритетни проекти за развој на Демир Хисар.

За таа цел, Општина Демир Хисар Ве повикува своите предлози да ги доставите по електронски пат на следнава емаил адреса: lessdhisar@gmail.com до 27.03.2024 година.

Слични Објави