Лаг Агро Лидер по втор пат го организира саемот на земјоделски производи во Прилеп
Во саботата на 14 Октомври кај Градскиот Саат во Прилеп, прилепчани и посетителите од другите општини имаа можност по втор пат да ги вкусат и да уживаат во производи кои беа претставени на Саемот на земјоделски производи и Домашно.мк, со цел да се прослави 15ти Октомври – Меѓународен ден на руралните жени.
На саемот беа претставени производите од повеќе од 20 локални производители од Кавадарци, Крушево, Ресен, Прилеп, Долнени, Кривогаштани, од Поречието, интересот беше голем кај посетителите да ги вкусат органските производи, слатка и џемови, мед и медни производи, ајвари и макала, да уживаат во традиционални рачно изработени креации.
На саемот учениците од СОУ – Орде Чопела од Прилеп се претставија со своите продукти кифлички, погачи, лепчиња, медењаци од училишната пекарница.
Исто така посетителите имаа можност да учиваат во музиката од Бенд Библиотика, и да заиграат некое македонско оро заедно со играорците од КУД Мирче Ацев.
Целата на овај настан е да се прослави меѓународниот ден на жените на руралните средини. 15ти Октомври – Меѓународен ден на руралните жени. Да дадеме придонес за препознавање на нивниот непроценлив придонес за развојот, и да алармираме до владините претставници да креираат политики за политичко и социо-економско зајакнување на руралните жени, поддржувајќи го нивното целосно и рамноправно учество во одлучувањето на сите нивоа, и осигурувајќи целосни и еднакви права -како право на породилно отсуство, право на боледување, и др. Истакна организаторот на овај настан Лаг АГРО Лидер.