Нашето училиште се грижело и секогаш ќе се грижи за нашите деца, во нашата средина
ООУ „Климент Охридски“ – Прилеп успешно ја реализираше мисијата која ја започна неодамна со хуманитарниот базар. Средствата кои беа собрани стигнаа на адресите за кои беа наменети и трите социјалнозагрозени фамилии ќе имаат барем малу поспокојна зима.
Училиштето изразува благодарност до сите кои помогнаа, а особено до Детската амбасада „За сите деца во свдетот“ и Образовната академија „Виртуал М“ за нивната несебична поддшка во реализацијата на оваа благородна иницијативал. Со вакви иницијативи не само што се олеснува сегашноста, а се осветлуваа и иднината на луѓето кои имаат потреба од тоа.
Порака на училиштето: Нашето училиште се грижело и секогаш ќе се грижи за нашите деца, во нашата средина.
Фото: Фејсбук на училиштето