Вдоми не купувај
Прифатилиштето за згрижување на бездомни кучиња во Прилеп постои од 2018 година, и во надлежност на ЈП Комуналец. Прифатилиште за бездомни кучиња, нивниот третман, и законската обврски е на јавното претпријатие Комуналец, а согласно Законот за благосостојба и заштита на животните. Според последните податоци во Прилеп се регистрирани 100 бездомни кучиња.
Условите за работа во Прифатилиштето за згрижување на бездомни кучиња се подобруваат велат од Локалната самоупрва, преку средства добиени од Бирото за регионален развој за проектот ,,Подобрување на ефикасноста за заловување на бездомните кучиња и поголема контрола на популацијата на бездомни кучиња на територија на општина Прилеп’’.
Во 2023 година, преку овај проект за потребите на прифатилиштето е набавено и специјално транспортно возило за бездомни кучиња, во вредност од 2.359,009.оо денари.
Ова година приоритет е даден на неоходното опремување и хумано заловување и згрижување во прифатилиштето. За што се одвоени 500.000,оо, за набавка и се обезбедени:
– 10 дрвени куќарки во две димензии; сет дувалка за заловување; -три заловувачки метални кафези за куче, самоактивирачки; три флексибилни фаќачи, три фаќачи со брзо автоматско ослободување, рибиес ракавици за максимална заштита од пенетрација на заби.