Фестивал на дуети „Константин и Елена“ – Традицијата продолжува во Могила

Во Могила, по дванаесетти пат, се одржа Фестивалот на дуети „Константин и Елена“, единствениот фестивал од ваков вид во Република Македонија. Настанот, кој секоја година привлекува бројна публика и учесници од целата држава, ја слави и негува македонската народна песна, традицијата и фолклорот преку дуетски настапи на изведувачи од сите возрасти.

На сцената на ОУ „Гоце Делчев“ беа изведени песни со традиционален мелос, испеани на македонски јазик, со цел да се зачува автентичниот израз и богатото музичко наследство. Со својата посветеност, организаторите уште еднаш покажаа дека фолклорот не само што не е заборавен, туку и активно се одржува жив преку младите и талентирани изведувачи.

Општина Могила, како генерален покровител, заедно со Советот на општина Могила, останува посветена на промоцијата и заштитата на македонскиот јазик, култура и идентитет. Преку фестивалот „Константин и Елена“, тие даваат значаен придонес во зачувување на традиционалните вредности – темелите на македонското постоење.

Овој фестивал е повеќе од музички настан – тој е симбол на љубовта кон корените, спој на генерации и чест на македонското творештво.

На фестивалската сцена настапија:

  1. Николчe Талевски – кларинет
  2. Софија Пуровска и Кирил Белостојановски
  3. Група Фантастик Бенд
  4. Група Здравје Мјузик
  5. Петар, Вероника и Патрик Николови
  6. Кате и Група Соната
  7. Василија Петрова и Благоја Груевски
  8. Теона и Горан Милошевски
  9. Рени и Цане Петров
  10. Група ОКЕЈ – Бенд
  11. Љуљиќ и Круме Спасовски
  12. Сузана Гавазова и Дамјан Стојановски
  13. Катерина Брезева и Перо Христов со Група Соната

Слични Објави