Поддршка, практични совети и подароци – сè што му треба на еден нов родител, на едно место.

„Бесплатен базар + едукативен настан за нови родители + промоција на детска книга“ ќе се одржи на 10 мај во „The Point“ кај тениските терени во Прилеп.

Настанот е наменет за нови родители и родители на деца до 3-годишна возраст, со цел да понуди стручни совети, практична поддршка и корисни информации за периодот пред и по породувањето.

Присутните ќе имаат можност да слушнат предавања од стручни лица, да поставуваат прашања за доење, детски развој и психолошка поддршка, но и да бидат дел од промоција на детска книга која обработува актуелна проблематика.

Организаторите најавуваат:
✔️ бесплатен базар со локални бизниси;
✔️ практични совети и поддршка;
✔️ дружење и нови контакти;
✔️ фотографии од настанот;
🎁 подароци за посетителите.

📅 Датум: 10.05.2026
📍 Локација: The Point – На тениски, Прилеп
🎟️ Влез: Слободен за базарот, 500 денари за едукативниот дел

‼️ Местата за едукативниот настан се ограничени, а пријавувањето е по принцип „прв дојден, прв услужен“. https://lnkd.in/dXk4P2H8

Слични Објави