|

На 56 години, Слаѓана стана мајка!

Чудата понекогаш навистина се случуваат, а надежта и науката повторно докажаа дека за родителството не постојат невозможни граници. Во германскиот град каде живее, 56-годишната Слаѓана Штајнерман од Србија на 23 април стана мајка — нејзината ќерка Доротеа се роди здрава и со највисока оценка, како резултат на успешна вештачка оплодување извршена во Болница Плодност во Битола.

Слаѓана, која пред една година за првпат се обратила до болницата со надеж дека мајчинството сè уште е возможно за неа, денес со голема благодарност и гордост ја споделува својата приказна. Нејзината порака до тимот на Болница Плодност го потврдува не само успехот на процедурата, туку и хуманоста и поддршката што ја добила во текот на целиот процес.

„Најважно е дека бебето е здраво и доби оцена 10. Германските лекари беа изненадени – жена на 56 години, прво вештачко оплодување и веднаш успешно!“, напиша Слаѓана во својата порака до лекарот што ја водел. Таа посебно ги истакна биолозите Горан и Стефан како нејзина емоционална поддршка во текот на месеците исполнети со неизвесност.

Родена 15 дена пред терминот поради компликации со задржување вода, малата Доротеа — чие име значи „дар од Бога“ — е вистинско симболично крунисување на борбата, упорноста и вербата во модерната медицина.

Од Болница Плодност велат дека овој случај е доказ дека возраста не мора да биде бариера кога постои силна желба и кога науката и долгогодишното искуство се на страната на пациентите. Лекарскиот тим им честита на новите родители и им посакува многу здравје, љубов и заеднички среќни моменти.

Со приказни како оваа, Плодност уште еднаш го зацврстува своето место како регионален лидер во областа на репродуктивната медицина, притоа враќајќи ја вербата на многу жени дека и по педесеттата година, мајчинството не е невозможна мисија.

Фото – Болница Плодност – Битола

Слични Објави