Да се надеваме дека дождот ќе го изгасни пожарот на депонијата кај Алинци – ВИДЕО
После шест дена активен пожар на депонијата кај Алинци (кој според првичните информации најверојатно е предизвикан од човечки фактор) дождот можеби ќе го изгасни !
Ги повикуваме сите сограѓани на одговорност и свесност – да не дозволуваме вакви ситуации, кои што ја загрозуваат нашата животна средина и здравјето на сите нас. Само со заедничка грижа можеме да обезбедиме подобри услови за живот.