|

Од денес, седниците на Советот на општина Ресен ќе се пренесуваат во живо на YouTube

Со цел општините да бидат блиски до своите граѓани, транспарентни и отчетни, односно да работат според пропишани закони за општинската работа, од денес од 11:00 часот, почнуваќи со 52-та седница, седниците на Советот на Општина Ресен ќе одат во живо.

“Општина Ресен ја известува јавноста дека од денес 30.08.2024 година т.е заклучно со 52-та седница на Советот на општина Ресен, седниците на Советот ќе одат во живо на каналот на YouTube на општината https://www.youtube.com/@opshtinaresen/stream , линк кон каналот е поставен и како банер на официјалната веб странница www.resen.gov.mk .

Како и досега, известувањата за закажани седници на Советот на општината се објавуваат на официјалната веб страна што е и законска должност, преку истите ќе бидете навремено информирани за закажаните седници и нивниот дневен ред.

Препорачливо е да се претплатите (subscribe) на каналот на општина Ресен и да вклучите известувања (notifications) за да добивате известувања за вклучувања во живо.“ Стои во Известувањето од општината.

———————

—Д Н Е В Е Н  Р Е Д на 52-та седница–

Усвојување на записнкот од 51-та седница

  1. Годишна програма  за работата на  ОУ ,,Гоце Делчев’’ – Ресен за учебната 2024/2025 година.
  2. Годишна програма за работата на  ООУ ,,Мите Богоевски’’ – Ресен за учебната 2024/2025 година.
  3. Годишна програма за работата на ООУ ,,Браќа Миладиновци’’ – с.Царев Двор за учебната 2024/2025 година.
  4. Годишна програма за работата на ООУ ,,Славејко Арсов’’ – с.Подмочани за учебната 2024/2025 година.
  5. Годишна програма за работата на   ООУ ,,Димитар Влахов’’ – с. Љубојно за учебната 2024/2025 година.
  6. Предлог – Одлука за давање согласност за формирање паралелки со    помалку од 20 ученици во Основното училиште „Гоце Делчев“ Ресен  за учебната 2024/2025година.
  7. Предлог – Одлука за давање согласност за формирање паралелки со     помалку од 20 ученици во Општинско основното училиште „ Мите Богоевски“ Ресен за учебната 2024/2025 година.
  8. Предлог – Одлука за давање согласност за формирање паралелки со помалку од 20 ученици во Општинско основното училиште „Браќа Миладиновци„ с. Царев Двор за учебната 2024/2025.
  9. Предлог – Одлука за давање согласност за формирање паралелки со помалку од 20 ученици во Општинско основното училиште „ Славејко Арсов с.Подмочани  за учебната 2024/2025 година.
  10. Предлог – Одлука за давање согласност за формирање паралелки со помалку од 20 ученици во Општинско основното училиште „ Димитар Влахов„ с. Љубојно и за учебната 2024/2025 година.
  11. Годишен извештај за работата на   СОУ “Цар Самоил“ Ресен за учебната 2023/2024 година.
  12. Годишна програма за работата на СОУ ,,Цар Самоил Ресен,’ – Ресен за учебната 2024/2025 година.
  13. Предлог – Одлука за давање согласност за формирање паралелки со     помалку од 25 ученици во СОУ„ Цар Самоил “ Ресен за учебната 2024/2025 година.
  14. Предлог- Програма за измена и дополнување  на Програмата за Ф – Урбано планирање Ф10 -Урбанистичко планирање Изработка на урбанистички планови во Општина Ресен во 2024 година.
  15. Предлог –Одлука за резервирани средства за експропријација во Буџетот на општина Ресен за 2024 година.
  16. Предлог-Одлука за организирање и реализирање на манифестацијата на “Преспански јаболкобер 2024“.
  17. Предлог- Одлука за дополнување на Одлуката за продолжување на работното време на угостителски објекти на подрачјето на Општина Ресен.
  18. Предлог – Измена на Годишен план за вработување за 2024 година во ЈКП “Пролетер“ Ресен.
  19. Предлог – Годишен план за вработување за 2025 година во ЈКП “Пролетер“ Ресен.
  20. Предлог – Годишен план за вработување за 2025 година во Општина Ресен.

Слични Објави