|

Македонија најзадолжена земја на Западен Балкан

Македонија е најзадолжената земја на Западен Балкан, покажуваат најновите податоци на Светска банка и Меѓународниот монетарен фонд за ноември 2025 година. Јавниот долг на државата изнесува 63 проценти од бруто-домашниот производ.

Веднаш зад Македонија се наоѓа Црна Гора со јавен долг од 59,8 проценти од БДП, потоа Албанија со 53,4 проценти, Србија со 46,8 проценти, додека значително понизок јавен долг имаат Босна и Херцеговина со 25,7 проценти и Косово со 17,1 процент.

Економските аналитичари предупредуваат дека високото нивo на задолженост претставува сериозен предизвик за финансиската стабилност и ја ограничува можноста за идни капитални инвестиции и развојни проекти.

Податоците укажуваат дека земјите од регионот се соочуваат со сериозни фискални притисоци, а одржувањето контрола врз јавниот долг останува еден од клучните економски приоритети.

Слични Објави