|

Две менаџерки од Пелагонија меѓу најуспешните жени од земјава и регионот

Агенција „Марили“ на свечената манифестација „Избор на најуспешни жени менаџери“ која се одржa, на 18 мај во „Панорамика Дизајн Хотел“, ги награди следниве 13 лауреатки со статуетка „Жена Водилка“, од кои се 10 менаџерки од Р.С. Македонија, а три од Р. Србија и Р. Хрватска.

1. Д-р Катерина Бошевска, Генерален директор ЕОS Македонија и EOS Косово

2. Жанета Бадаровска Ѓорѓиевска, Генерален менаџерКамел 98 – Виница

3. М-р Евгенија Ѓорѓиеска, Извршен менаџер Ламинати КОМ Доо – Прилеп

4. Цветанка Илиева, Генерален менаџер Бистро Груп ДОО – Гевгелија

5. М-р Ирена Јакимова, Генерален менаџер Инспирит Коучинг- Скопје

6. Д-р Јелисавета Георгиева – Јовевска, Потпретседател на СКСМ Стопанска комора на С. Македонија

7. M- р Клаудија Лутовска, Генерален менаџер Сеттим Консалтинг – Битола

8. Марија Патриклиска, Менаџер за човечки ресурси ЕАМ ДОО – Штип

9. М-р Маја Наумовска – Савеска, Директор на корпоративни и маркетинг комуникации

Халкбанк АД – Скопје

10. М-р Весна Ставрова, Генерален менаџер ПЗУ Аптека „Сара Фарм“ – Скопје

11. Д-р Сања Путица, Менаџер за односи со јавност и инвеститор Атлантска пловидба д.д – Р. Хрватска

12. М-р Дариа Шуриќ, Генерален менаџер DarMell – Р. Хрватска

13. М-р Зорана Пејчиќ, Генерален менаџер и Претседател на ИО ДУНАВ РЕ (Дунав Реосигурување) , Р. Србија

Фото: Marili Agencija

Целта на манифестацијата, е поттик за идните млади генерации, особено девојки, да се охрабрат, да веруваат во себе, и со знаење, постојано надградување и чесност да чекорат бодро низ сите животни предизвици и да успеваат на сите полиња. Секако, нивната борба за родова рамноправност во општетсвото и бизнисот да им биде водилка низ животниот век , за бидат пример и поттик за генарациите кои доаѓаат по нив.

Манифестацијата години наназад претставува јакнење на женското претприемашво и лидерство, особено во застапеноста на жените на лидерски и одлучувачки позиции, нешто на што треба континуирано да се работи. Манифестацијата „Избор на најуспешни жени“ преку својот Марили Бизнис Клуб спојува над 150 жени менаџери кои соработуваат, се вмежуваат, охрабруват, организираат хуманитарни настани, но и ги поттикнуваат младите девојки и жени да влезат и да се остварат во бизнис сферата.

Слични Објави