|

И градоначалникот живее во некоја Месна Заедница или Урбана Заеница

Претставниците на месните и урбани заедници, треба да имаат (барем) неколку редовни состаноци со општинските раководства за креирање на буџетотите за наредната година. Најпрво, тие треба на собири и седници на Одборите на МЗ да ги утврдат приоритетите на својата МЗ или урбани заедници, да дадат идеи, препораки и да побараат изготовка на проекти, кои се од интерес на своите граѓани и жители. Убаво би било сите тие активности и да ги обзнанат на своја фејсбук страница или општината тоа да го стори на својата веб страница.

Исто така, овие претставници на МЗ и урбани заедници да присуствуваат на буџетските и планските форуми на општината и таму да се залагаат за своите проекти. Тоа е најоптималниот начин на учество на граѓаните во донесувањето одлуки на една општина.

За жал, ова е рак – рана на нашата локална демократија, од причина што жителите на овие заедници се однесуваат како локални испостави на политички партии, а не како комшии, кои делат исти неволји и недостатоци. Совладувањето на партиските комбинаторики во најниското ниво на власта (МЗ и УЗ) не е тешка работа и потребно е да се учествува на тие средби, но претходно да се притискаат мини – локалните претставници да отворат веб страници за известување на своите комшии и за канење на собири.

Општина Демир Хисар ги иницира и спроведе овие средби со МЗ и УЗ и имаат многу забелешки, идеи и предлог проекти за буџетот на општината за 2024 година. Овој пример треба да го следат и другите општини, затоа што не е лесно да се одржи граѓанска активност на мини – локално ниво, но и ушгте повеќе, во нивната работа да учествуваат и вредни поединци со искуство, урбанисти, бизнисмени и експерти, за подобри идеи и проекти.

Имено, можеш да си светски експерт, но сепак мораш да живееш во некоја МЗ или УЗ, а со тоа ги делиш сите недостатоци на урбаното живеење со нив, од раскопани улици, до дупки на улиците, до загаденост, собирање смет, чистење улици, одржување зеленило и сл.

Написот и Карикатурата се дел од проектот „Отворени општини со отворени податоци II“ импементација АГТИС

Слични Објави