Прилепчани предизвикaле пожар на депонијата во Демир Хисар
Две лица од Прилеп се лишени од слобода откако се осомничени дека предизвикале пожар на градската депонија во Демир Хисар. Настанот се случил на 22 април 2025 година околу 13:30 часот, кога полициски службеници од ОВР Демир Хисар ги привеле С.Ф. (28) и А.С. (48).
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, лицата се сомничат за сторување на кривично дело „предизвикување општа опасност“ согласно член 288 од Кривичниот законик. При полициски преглед кај нив биле пронајдени предмети со кои, како што се претпоставува, бил предизвикан пожарот.
Надлежните органи работат на целосно документирање на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна кривична пријава против осомничените.
По документирање на настанот, против нив ќе следува соодветна пријава.