| |

Екологијата започнува од најмладите – Пелистер со еко-едукација за учениците

Денес, Националниот парк Пелистер организираше состанок со директорите на основните и средните училишта од Битола, на кој се договорени идни активности за еколошка едукација и подигнување на свеста за заштита на животната средина кај младите. Целта на оваа иницијатива е да се развијат позитивни еколошки практики кај учениците и да се промовира одговорно однесување кон природата.

На состанокот беше утврден план за соработка, при што веќе се дефинирани активности кои ќе се реализираат во текот на 2025 година. Активностите ќе вклучуваат едукациски работилници, организација на еколошки тури и други активности насочени кон заштита на природните ресурси и биодиверзитетот на Пелистер.

„Едукацијата за заштита на природата е клучна за иднината. Со соработката со училиштата, сакаме да ги вклучиме младите во процесот на заштита и одржливо управување со природните ресурси. Согласно програмата за еколошка едукација и јакнење на свеста кај најмладите категории на граѓани во делот на значењето и вредноста на паркот, на денешниот состанок со директорите на основните и средните училишта се договоривме за идна соработка и веќе дефиниравме идни активности со учениците кои ќе се реализираат во текот на 2025 година.“ изјавија од Националниот парк Пелистер.

Фото – НП Пелистер

Слични Објави