Младите инженери од УКЛО меѓу добитниците на „Инженерски прстен“

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола (УКЛО) и годинава се вбројува меѓу високообразовните установи чии студенти се закитуваат со престижната награда „Инженерски прстен“. Меѓу 14-те најуспешни дипломирани инженери во земјава кои го добиваат ова признание за 2026 година се и двајца млади кадри од битолскиот универзитет:

  • Стефана Димитриеска – Технички факултет – Битола
  • Симеон Наловски – Факултет за информатички и компјутерски технологии – Битола

Признанието „Инженерски прстен“ традиционално им се доделува на најуспешните студенти кои за време на своите студии се издвоиле со исклучителни резултати и високи постигнувања, претставувајќи ги најдобрите квалитети на својата генерација. Оваа награда има за цел да ги афирмира стручноста, знаењето и посветеноста на младите инженери, поттикнувајќи ги на понатамошен професионален напредок и директен придонес во инженерската струка и општеството.

Свеченото доделување на наградите ќе се одржи на 4 септември на платото пред црквата „Св. Климент и Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид.

Инженерските прстени на талентираните дипломци ќе им ги врачи претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која е покровител на оваа манифестација.

Слични Објави