Традиционалниот Јаболкобер во Ресен одбележан со богата програма и признанија
Како и секоја година, Јаболкоберот во Ресен традиционално беше одбележан на празникот Крстовден со симболично откинување на првото зрело јаболко.
Манифестацијата продолжи на градскиот плоштад „Цар Самоил“ со штандовска презентација на бројни фирми и компании од регионот. Посетителите имаа можност да се запознаат со производи од областа на земјоделството, прехранбената индустрија, туризмот и занаетчиството.
Во рамки на јубилејот беше организирано и дефиле на културно-уметнички друштва и ансамбли од Македонија и странство, збогатувајќи ја културната програма на настанот.
Свечено беа доделени награди и признанија за најдобрите земјоделци, за посебен придонес и афирмација на општината, како и благодарници за соработка со Општина Ресен.
Оваа година признанија добија:
- ФК Преспа и атлетичарката Дарија Крстевска за придонес во спортот.
- Архитектите Марија Пецалевска, Игор Коларовски, Никола Стрезовски и Никола Транталовски за соработка во проектот за реконструкција на градскиот плоштад.
- Борче Нечовски за посебен придонес и афирмација на Ресен и Преспа во областа на музичката уметност и култура.
Наградите за најдобрите земјоделци отидоа кај:
- Млад земјоделец: Албан Реџепи
- Жена земјоделец: Христина Петковска
- Најдобар земјоделец: Таше Мешуревски
Вечерната програма продолжува со настапи на музички групи од Ресен, а атмосферата ќе кулминира со концертот на добро познатиот „Тропико Бенд“.



