Два нови спортски објекти во Кавадарци – Прилеп чека поголеми инвестиции во спортската инфраструктура

Кавадарци ќе добие два нови спортски објекти

Во Кавадарци започна реализацијата на два нови спортски инфраструктурни проекти – доградба на објект во рамки на Спортскиот центар „Јасмин“ и изградба на нова картинг-патека во месноста Моклиште.

Новиот објект во Спортскиот центар „Јасмин“ ќе се простира на површина од околу 1.000 квадратни метри, со подрум, приземје и кат. Во него се предвидени куглана, бифе, сала за гимнастика и апартмани за сместување на спортисти. Вредноста на инвестицијата изнесува 118 милиони денари.

Во месноста Моклиште се гради картинг-патека на површина од 2.700 квадратни метри. Покрај патеката, комплексот ќе содржи и придружни објекти наменети за рекреативни активности и организирање помали спортски настани. Инвестицијата е во вредност од 35.247.407 денари.

Според најавите, двата проекти се дел од вториот повик за финансирање на општински проекти и имаат за цел унапредување на спортската инфраструктура и збогатување на спортско-рекреативните содржини во Кавадарци. Градоначалникот информираше дека во наредниот период се планирани и други проекти, меѓу кои реконструкција на отворениот базен, изградба на затворен базен со спа-центар, дом за стари лица, дневен центар за лица со попреченост и прва фаза од гасификацијата на општината.

Слични Објави