Се вееше македонското знаме во Анкара – победнички пехар за македонските ракометарки

Македонската женска ракометна репрезентација оствари голем успех на меѓународниот турнир во Анкара, Турција, освојувајќи го победничкиот пехар по денешната триумфална победа над селекцијата на Словачка со резултат 26:24.



Нашите ракометарки одиграа одличен турнир и уште во првото коло славеа против домаќинот Турција со 29:26. Во второто коло Македонија одигра нерешено со силната репрезентација на Словенија (23:23), а со денешната победа над Словачка го потврди првото место на турнирот.

Овој успех е уште една потврда за квалитетот, борбеноста и континуираниот напредок на македонскиот женски ракомет на меѓународна сцена.

Слични Објави