|

КАКО ОПШТИНИТЕ ЈА ПОЛНАТ ОПШТИНСКАТА КАСА?

Општините и градоначалниците трошат пари

Но, од каде општината ги добива парите?

  • Дотации (државен буџет и фондови)
  • Донации (од земјата и странство)
  • Заеми     ( од државата или странство со претходна согласност на владата)

Сопствени извори

  • Локални даноци (данок на имот, данокот на наследство и подарок, данок на промет на недвижности)
  • Локални такси ( комунални, фирмарина, јавно осветлување, користење на улици, користење на паркинг, поставување на реклами на јавни места)
  • Административни такси ( барања, молби, предлози, пријави, жалби, решенија и сл.)
  • Локални надоместоци ( надомест за уредување на градежно земјиште, надоместоци од комунална дејност, водоснабдување, канализација, јавен превоз, одржување на јавна чистота, одржување на улици и патна сигнализација)
  • Приходи од сопственост (закупнина, приходи од камати, приходи од продажба на имот)
  • Приходи од парични казни
  • Приходи од персонален данок на доход, плаетен во тековната година (3% од персоналниот данок на физички лица, наплатен во општината во која се пријавени со постојано живеалиште и 100% од персоналниот данок на доход од физички лица, кои се занимаваат со занаетчиска дејност, а се регистрирани во општината)

Слични Објави