|

ДИК го заклучи Избирачкиот список за локалните избори – 1.832.415 избирачи

Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Борис Кондарко, информира дека на претстојните локални избори право на глас имаат 1.832.415 избирачи.

Од нив, 112.000 се на привремена работа или престој во странство, 2.162 се во притвор или издржуваат затворска казна, а 450 се сместени во домови за стари лица.

ДИК денеска на 138. седница едногласно го заклучи Избирачкиот список за локалните избори, чиј прв круг ќе се одржи на 19 октомври.

Во државата се регистрирани 3.480 избирачки места, а на 132 од нив има помалку од десет избирачи – тие ќе гласаат на најблиското избирачко место.

Со ждрепка веќе е утврден и редоследот на гласачкото ливче:

Слични Објави