„Девојките на Марко“ во Сабота – Прилепскиот театар со продолжена сезона

Прилепскиот театар ја продолжува летната сезона со „Девојките на Марко“, која ќе биде изведена на 27 јуни 2026 година (сабота), со почеток во 20 часот, на Големата сцена на НУЦК „Марко Цепенков“.

Режијата и драматизацијата се дело на Синиша Ефтимов, а сценографијата, костимографијата и дизајнот на плакатот ги потпишува Илина Ангеловска.

Во претставата настапуваат Димитар Ѓорѓиевски, Марија Спиркоска-Илијеска, Илија Волчески, Лора Штарго, Наташа Ачански и Јасмина Мицовска-Станкоска.

Билетите може да се резервираат на телефонскиот број 076/442-378, а билетарницата ќе работи во четврток и петок од 10 до 12 часот и од 18 до 20 часот.

Од театарот потсетуваат дека резервираните билети кои нема да бидат подигнати до петок ќе бидат пуштени во продажба.

Слични Објави