|

(видео) Одбележан денот на предвреме родените бебиња

Неонатолошкото одделение при Општата болница во Прилеп денес, 17 ноември – Светскиот ден на предвремено родените деца, со цел да се подигне свеста за важноста на раната нега, поддршката и подобрување на условите за овие најчувствителни новороденчиња. Настанот беше збогатен со инфо-активности, панаѓурско издание и свечена програма со присуство на родители, здравствени работници и поддржувачи.



Акцијата се одржа во периодот од 09:00 до 13:30 часот, во ходникот на болницата, каде што граѓаните имаа можност да учествуваат со хуманитарни донации.

Организаторите истакнаа дека овој ден е важна можност да се потенцира значењето на грижата за предвреме родените деца, како и потребата од континуирана поддршка за нив и нивните родители.

Во Прилеп годишно се раѓаат од 400 до 500 бебиња, а според проценките, меѓу 30 и 40 од нив се предвремено родени. Овие податоци ја нагласуваат потребата од континуирана медицинска и социјална поддршка – не само за новороденчињата, туку и за нивните мајки.

Како дел од програмата, беше дониран современ пациент-монитор, неопходен за континуирано следење на здравствената состојба на новороденчињата, донација од Унијата на жени при ВМРО-ДПМНЕ – Прилеп. Опремата се очекува значително да го олесни мониторингот и третманот на предвремено родените бебиња во локалните здравствени установи

Здружението на мајки на прерано родените бебиња од Прилеп јавно побара иницирање на законски измени за продолжување на породилното отсуство за оваа категорија родители. Тие потенцираа дека тековното траење од 9 месеци е идентично со регуларното породување, и не ја одразува реалната потреба за должинска нега, контроли, третмани и емоционална стабилизација на семејствата.

Слични Објави