Избран нов Претседател на Советот за развој на Пелагонискиот плански регион

На 17-та Седница на Советот за развој на Пелагонискиот плански регион, оджана на 28.02.2024 година, за нов претседател е избран Градоначалникот на Општина Ресен г-дин Јован Тозиевски.

Заследете нѐ на Facebook и први дознавајте за новостите.


Градоначалникот на Општина Ресен г-дин Јован Тозиевски доаѓа на местото на досегашниот Претседател на Советот за развој на Пелагонискиот плански регион – Градоначалникот на Општина Прилеп д-р Борче Јовчески.

На седницата биле разгледани и усвоени годишните финансиски извештаи на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион, извештаите за работењето на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион и за имплементација на Програмата за рамномерен регионален развој за 2023 година.

Исто така, „дискутирано беше и за проектите кои се во тек на имплементација, статусот на приоретизираните регионални проекти како и за предлозите кои беа поднесени во првата фаза на апликација на ИПА Програмата за прекугранична соработка со Грција 2021-2027,“ стои во известувањето од ЦПППР.

Слични Објави