Трета седница на Советот на Општина Прилеп – Ребаланс на буџет
Утре во 12:00 часот Советот на Општина Прилеп ќе ја одржи 3-тата седница.
ДНЕВЕН РЕД
- Предлог-Измена и дополнување на Буџет на Општина Прилеп за 2025 година.
- Предлог-План на развојни програми на Општина Прилеп за 2026-2028 година.
- Предлог-Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Прилеп за извештајниот период (кумулативно), за квартал од 01.07.2025 година до 30.09.2025 2025 година.
- Предлог-Одлука за давање согласност на тримесечниот извештај за финансиското работење на ЈП за ПУП- Прилеп за период од 01.07.2025 година до 30.09.2025 година.
- Предлог-Одлука за давање согласност на тримесечниот извештај за финансиското работење на ЈКП „Водовод и канализација“ – Прилеп, за период од 01.07.2025 година до 30.09.2025 година.
- Предлог-Одлука за давање согласност на Ценовник на услуги за извршување на работи од страна на ЈКП ,,Водовод и канализација“-Прилеп, за потребите на ЕЛС Општина Прилеп, без примена на одредбите од Закон за јавни набавки.
- Предлог-Одлука за давање согласност на тримесечниот извештај за финансиското работење на ЈКП Комуналец-Прилеп, за период од 01.07.2025 година до 30.09.2025 година.
- Предлог-Одлука за давање согласност на тримесечниот извештај за финансиското работење на ЈКП Пазари Прилеп, за период од 01.07.2025 година до 30.09.2025 година.
- Предлог-Одлука за давање согласност на тримесечниот извештај за финансиското работење на ЈОУ Дом за стари лица ,,Киро Крстески-Платник’’- Прилеп за период од 01.07.2025 година до 30.09.2025 година.
- Предлог-Решение за разрешување на член на Надзорниот одбор за контрола на материјално-финансиското работење на ЈКП „Водовод и канализација“– Прилеп.
- Предлог-Решение за разрешување член на Училишниот одбор на СОУ “Ристе Ристески-Ричко”-Прилеп.
- Предлог-Решение за разрешување на член на Управниот одбор на ЈКП,,Пазари’’Прилеп.
- Предлог-Решение за разрешување на член на Управниот одбор на Јавно претпријатие за енергетски дејности “Енерго-Прилеп“ Прилеп.
- Предлог-Одлука за кофинансирање на проект „Изработка на техничка документација за постројка за складирање, третман и преработка на биоразградлив и инертен отпад“.



