| |

ВО 21 ВЕК БЕЗ ВОДА ЗА ПИЕЊЕ И МИЕЊЕ (ВИДЕО)

Жителите на с.Дупјачани и с.Забрчани, веќе една година, секој месец по десетина дена живеат без вода. Во 21 век, при обезбеден систем за водоснабдување, поради како што тие велат, туѓи долгови, немаат вода за пиење и лична хигиена.

Училиштето кое брои 50 деца, исто така е засегнато од овој проблем и родителите се закануваат дека нема да ги пуштаат своите деца. поради страв од заразни болести. Лекарите не доаѓаат во амбулантата, затоа што не можат да работат без вода.

Жителите реагираат дека и покрај платени сметки, поради долг на Општина Долнени кон ЕВН Македонија, им се исклучува струја без која не можат да работат пумпите од бунарите, преку кои селата се снабдуваат со вода.

Слични Објави