|

Подигање на свеста за дијабетесот

14 Ноември е ден на најголемата светска кампања за подигање на свеста за дијабетесот, како одговор на растечката здравствена закана што ја претставува дијабетесот.

По тој повод во ООУ” Климент Охридски”-Прилеп беше присутен претставникот на здружението ,,Сина револуција” Менде Цветкоски, во борба против дијабетесот и превентивни мерки.

Пред учениците од третите одделенија говореа и Доктор Златко Савоски и Доктор Кристи Дамкоски.Тие им објаснија на учениците дека дијабетесот е состојба, кога шеќерот во крвта е зголемен и им укажаа на здравиот начин на живот, здрава храна и спортување како превентивни мерки.

Фото – ООУ” Климент Охридски”- Прилеп

Слични Објави